Поддршка за укажувачи

Ние сме тука да ви помогнеме – со професионален совет и поддршка 

Пријавувањето на информации во врска со криминал или дело поврзано со корупција е одлука којашто подлежи на многу опции и фактори коишто треба да се имаат во предвид. Доколку сте поднеле пријава, или размислувате да поднесете пријава, ние можеме да ви помогнеме. Ви препорачуваме најпрво да ни се јавите – пред да го контактирате вашиот работодавач, медиумите, или било која јавна агенција или орган.

Коалицијата за заштита на укажувачите од Југоисточна Европа има мрежа на активисти, новинари, и правни професионалци коишто може да ве советуваат за најдобриот начин за пријавување неправилности. Ние ќе го заштитиме вашиот идентитет и ќе ви помогнеме да се заштитите од одмазда за вашето пријавување. Ќе пристапиме кон вашиот случај со највисок степен на професионалност, трпение, дискреција и лично внимание.

Координаторот на Коалицијата Марк Ворт ги поддржува укажувачите и истражува случаи на корупција повеќе од 30 години. Покрај Коалицијата, тој е основач на Меѓународно укажување (Whistleblowing International) и Европскиот центар за права на укажувачи (European Center for Whistleblower Rights). Марк е секогаш достапен да ви помогне со било кој проблем, грижа или прашање. 

Јавете ни се во било кое време:
Марк Ворт
(+49) 176 630 94993
Берлин, Германија
mark.worth@see-wb.org
Facebook  /  LinkedIn

Ве молиме имајте во предвид:
Не испраќајте доверливи или осетливи информации во вашата прва комуникација. Ние ќе обезбедиме безбеден начин на комуникација по нашиот прв контакт. Достапна е и шифрирана комуникација. Прашајте за нашиот јавен PGP клуч.

Контактирајте не:

    Коалицијата за заштита на укажувачите од Југоисточна Европа е непрофитна организација посветена за поддршка на укажувачите, истражување на случаи со укажувачи, и зајакнување на правната рамка за укажувачите. Коалицијата е составена од повеќе од 40 невладини организации и други групи од 17 држави од југоисточна и источна Европа.

    All Rights Reserved